
Тој зборуваше на тема неговите фудбалски партии во Аргентина и на новинарот му образложи зошто не ја пее националната химна.
Стигнавме до финалето на СП, бевме подобар противник на теренот за разлика од Германија. Загубивме по продолженија. Слично беше и во Копа Америка, каде загубивме од Чиле по изведување на пенали. Бевме на чекор до крајот, но не успеавме. Затоа, критиките ме лутат, луѓето критикуваат без размислување. Знаете што, е*ете се! Не доживеавме елиминација во осминафиналето за да имаме таков третман. Што се однесува до националната химна, не треба да ја пејам за да ја чувствувам, изјави аргентиснкиот голгетер.