Оваа поза исто така природно ќе го издолжи вашиот врат.
Немојте: Не позирајте со раздвоени стопала
Приближете ги стопалата за да ја издолжите и да ја стесните фигурата
Погледнете како Пенелопе Круз позира на оваа фотографија и ќе сфатите во колкава мера положбата на стопалата влијае на вашиот изглед. Стопалата можете да ги поставите едно покрај друг или вкрстено.
Немојте: Да ја префрлате тежината на предната нога
Заземете моќна поза
Заземете моќна поза и наместо на предната, префрлете ја тежината на задната нога како што тоа го прави Кендал. Ако носите доста долг фустан со шлиц, оваа поза функционира уште подобро затоа што можете да ја откриете предната нога и да создадете долга вертикална линија. Исто така, погрижете се да ја опуштите и благо да ја свиткате ногата во предното колено, за таа да изгледа поопуштено на фотографијата.