
Без вода утре од 8 часот ќе останат корисниците од улицата 50-та Дивизија во Центар.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради дефект на огрлица од ф – 100 мм на улицата 50 – та Дивизија ( позади Мала Станица ) во населба Водно.
Прекинот со водоснабдувањето ќе биде се до санирање на дефектот.