
Министерството за внатрешни работи во текот на изминатиот ден издало потврди за барање азил на 2.653 бегалци.
Од нив 1.045 се од машки пол, 539 се од женски, 1.060 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште девет деца кои патуваат без родител.
Како што соопшти денеска МВР, според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.035, Ирак-874 и Авганистан–744.
Во периодот од 19 јуни до вчера до 24 часот, издадени се потврди на 339.494 странски државјани, од кои, 189.085 се од машки пол, 55.492 се од женски, 77.031 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 17.886 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-194.621 потоа Авганистан-82.683, Ирак-40.749, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.317, Конго-514, Алжир-453, Либан-434, Нигерија-279, додека останатите се во помал број.
До Секторот за азил вчера не е поднесено барање за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до вчера до Секторот за азил се поднесени 83 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 55 барања се од државјани на Сирија, со нив се и 23 деца кои го придружуваат родителот, потоа 13 барања од државјани на Авганистан со нив се и 14 деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан и Ирак , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина и Алжир (четири се деца кои го придружуваат родителот) и едно барање од државјанин на Египет.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за вчера евидентирани се 25 баратели на азил од кои седум мажи, три жени, 14 деца со придружба на старател и еден малолетник без придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, четири баратели на азил (две малолетни лица без придружба на старател и два мажи) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.