Академик Беџети ја „демонтираше“ програмата на СДСМ

Програмата на СДСМ, ветувањата за враќање на средната класа, промените во даночната сфера, петте столбови на опозициската партија се дочекани на нож од економистите. Академикот Абдулменаф Беџети во емисијата 360 степени на Алсат-М телевизија ја „демонтираше“ програмата на социјадемократите и укажа на низата недоследности и нелогичности во неа.

Академик Беџети отворено ја доведе во прашање способноста на луѓето од СДСМ да раководат со парите, за разлика од вицепремиерот Ставрески кого тој го смета за перфектен техничар. Беџети отворено порача дека едно е напишаното на хартија, а сосема друго е како работите се спроведуваат во реалниот живот, пишува Лидер.

Економските теории секојдневно ги пишуваме во книгите. Но, од речено до сторено е едно море големо. Од книгите до реалноста има една голема разлика. Ова се причините зошто јас сметам дека треба да бидеме многу внимателни кога се прави оваа промоција која гласи толку добро. Треба да бидеме реални во реалното функционирање. Разбирам амбиции, желби и политичкиот момент да се направат такви понуди кои звучат атрактивно, рече Беџети во емисијата.

Аргументи наспроти ветувања

Академикот, кого многумина го сметаат за близок до опозициската партија, отворено ја доведе во прашање заложбата на СДСМ за враќање на средната класа. Тој  укажа дека најголемите социјални разлики во општеството и нееднаквоста, според податоците на Светска банка, се направени токму во времето на СДСМ.

Ако земеме да видиме во кој период се случило најголемото влошување, за жал, тоа е од 2000 до 2006 година. Потоа влошувањето е постабилно, говорам за интензитетот, рече Беџети.

Во исто време, Беџети смета дека се погрешни пресметките на СДСМ дека со прогресивниот данок ќе се намалат социјалните разлики, со што практично ги доведе во прашање основните начела врз кои се темели програмата и за кои говореше Заев на конгресот на партијата.

Се претендира дека ќе се подобри и дека ќе се поврати средната класа врз основа на инструментите на прогресивните даноци, кои земаат удел во нашиот буџет со помалку од 15-20% од приходите, наспроти регресивните даноци кои се даноци на трошок. Многу добро знаеме кој го полни буџетот. Тоа се ДДВ и акцизите, тоа е суштината. Даноците и приходите кај нас се најниските даноци во споредба со земјите – членки на ОЕЦД, објасни професорот Беџети.

Соочен со аргументите на Беџети, претседателот на комисијата за економија на СДСМ, Драган Тевдовски, се дообјаснуваше во емисијата, и околу програмата и околу прогресивниот данок.

Има една заблуда за нашата програма. Ова што го зборуваме ние за средната класа, прогресивното одданочување е едно многу ситно, мало елементче, се правдаше Тевдовски.

Академикот…