Иванов им порача на Туск и на Хан: Имаме капацитет од две илјади лица кои транзитираат

Македонскиот претседател вели дека директорот на “Фронтекс” ветил дека иако досега имале правна бариера, бидејќи не го контролира Агенцијата излезот на ЕУ со оваа промена на правната регулатива, сега може “Фронтекс” да се постави на територија на Грција, но на излезот, за да ги контролира сите и да се вратат оние што немаат статус на бегалци во земјите од кои доаѓаат.

Беше најавено дека најавената помош што ја добиваме ние земјите ќе биде пред се од овој карактер од заканите што ги имаме, бидејќи на тој начин се чува и безбедноста на ЕУ. Помагајќи ни нам, си помагаат и себе си. Искажавме благодарност оти членките на ЕУ донесоа одлука да ни помогнат со нивни полицајци на нашата полиција во поглед на контролата на документи и проверка на идентитетот на лицата што влегуваат на нашата територија. Исто така и Србија се понуди да помогне и нивната полиција да и помогне во овој дел на нашата полиција и со контрола на границата, бидејќи со нашата конторла на влезот во Македонија, каде бегалците сега влегуваат на една точка, околу 20 проценти е намален за 20 дена приливот на бегалци на наша територија, додава Иванов.

Македонскиот претседател вели дека се надева дека доколку се постават безбедносни контроли, тогаш сите оние што сега користат фалсификувани документи и лажни идентитети, дека нивниот број ќе се намали.

Инаку, самата средба е потврда дека Туск смета дека со поддршката на Република Македонија, ЕУ си помага самата себе и во тој контекст од кабинет на македонскиот претседател брифираат, дека освен што претседателот Иванов го запознал Туск за се што досега Република Македонија има направено, тој ја нагласил и неопходноста од итна помош и поддршка и излегол со конкретни барања.

Претседателот Иванов, кој од почеток на кризата предупредуваше, иницираше, предлагаше, контролираше и носеше заклучоци за справување со мигрантската криза, денес на средбата со Туск испорачал нови предлози за превенција и намалување на безбедносните ризици, заштита на државните граници и воспоставување на контрола врз мигрантскиот бран.

Бавното темпо на евроинтеграцијата на регионот е грешка

Освен за состојбите на терен во Република Македонија, на средбата се разговарало и за плановите на ЕУ и можните заклучоци на Европскиот совет, кој утре и задутре ќе одржи редовен Самит кој овојпат ќе биде посветен на бегалската криза и на истиот поради тоа, за првпат ќе присуствува и земја што не е членка на Унијата, а тоа е Турција.

Претседателот Иванов, исто така му повторил на Туск дека бавното темпо во евроинтеграцијата на Република Македонија и на регионот е грешка и дека очекува ЕУ да го промени досегашниот пристап и по изборите во Македонија, конечно ќе ги отвори преговорите за членство на државата во Унијата.

Сепак, факт е дека Македонија како никогаш досега е во вниманието на Европскиот совет и воопшто на ЕУ, посебно што ова е четврта средба на претседателот Иванов со Туск за кус период. Мигрантската и бегалската криза ја потсети Унијата за важноста на Балканот и на Македонија и очигледно ова е можност Унијата да ги преиспита политиките кон Балканот и посебно кон Македонија, со оглед на тоа што оваа криза е можност Унијата да ги забрза интеграциите и Евросоветот да ги поправи грешките од претходниот состав во однос на одблокирање на евроинтегративнио процес на македонската држава.