
Денеска се одржа јавна расправа со цел подобрување на имплементацијата на Законот за авторски права што е во интерес на граѓаните, авторите, изведувачите, медиумите. На истата повиканите здруженија, ЗАМП и ММИ, кои пак треба да се првите кои ќе се интересираат и заштитат авторите и нивните дела, одбија да дојдат на расправата.
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска која ја отвори јавната расправа изрази жалење од неприсуството на овие две здруженија кои треба да ги штитат правата на авторите и изведувачите.
Разочарана сум што организациите за колективно управување ЗАМП и ММИ не се присутни заедно со нас на оваа дебата и избраа да го игнорираат интересот на авторите и изведувачите и да не земат учество на оваа јавна дебата. Истата е организирана за да ги слушнеме мислењата и сугестиите на здруженијата за колективно управување кои со отсуство на оваа расправа демонстрираат еден неодговорен однос кон своето членство и неподготвеност за дијалог, посочи Канческа-Милевска.
Таа потенцираше дека авторите треба да имаат достапност до сите информации и увид и да ги бараат финасиските средства кои им следуваат.
Ние како Министерство за култура ќе продолжиме транспарентно да ја информираме јавноста за се во однос на управувањето на овие две здруженија, затоа што сметаме дека само на еден таков начин и авторите може да имаат поголема достапност. И самите автори треба да бараат поголема отчетност бидејќи здруженијата функционираат и работат во интерес на авторите кои мора да имаат достапност до сите информации. Во годишен извештај за работа на ММИ за 2014 година кој неодамна беше Влада, информирам дека Владата даде негативно мислење. Со годишниот ревизорски извештај за работата на организација и со надзорот направен од страна на Министерството е констатирано дека организацијата ММИ 82 проценти од прибраните надоместоци од корисниците, ги потрошила на тековни потреби за своето работење наместо да ги распредели надоместоците на самите изведувачи и произведувачи на фонограми. Оваа постапка е спротивна на член 144 став 6 од Законот каде е утврдено дека за покривање на вкупните трошоци за работата може да се користат средства од прибраните надоместоци во износ кој ќе надминува повеќе од 18% од вкупно прибраните надоместоци, истакна Канческа-Милевска.
Воедно по претходен…