Денес под влијание на постуден воздух од север ќе дува слаб, повремено умерен северен ветер, кој ќе услови опаѓање на дневните температури. И во наредните денови продолжува периодот на стабилно и суво време.
Најстудено во Маврово
Во Маврово утрово се измерени – 4 степени, во Крушево – 3, – два во Ѓуриште, Лазарополе, Тополчани, Берово, -1 степен во Пожаране, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Еден степен е измерено во Крива Паланка, Претор, Штип, два во Скопје, Тетово, Битола, Охрид, три во Прилеп, Виница, Струмица, 4 Кавадарци, Демир Капија, пет степени во Дојран и 6 Гевгелија.
Преку ноќта, информира УХМР, беше претежно облачно со ниска облачност и магла по одделни котлини.
Утринава е умерено до значително облачно со слаб до умерен северен ветер.