
Новинската агенција „Нетпрес“, доби благодарница од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, за посебен придонес и поддршка на кампањите кои пред се’ имаат за цел да ја подигнат свеста на учесниците во сообраќајот.
Благодарница за соработка со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата во делот на јавниот повик кон граѓаните да се однесуваат одговорно во сообраќајот, добија повеќе медиуми, како значаен сегемент за менување на свеста кај граѓаните што, пак, најдиректно влијае на намалување на бројот на сообраќајни незгоди.
Годинава кон кампањите за безбедност во сообраќајот се приклучија разни институции, но и познати личности.
Последна таква кампања беше „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, при што познати личности испраќаа силни пораки, конкретно за подигнување на безбедноста на децата во сообраќајот, но и пораки до родителите и сите учесници во сообраќајот кои стојат зад воланот. Воедно, беше најавена и методологија за доближување на сообраќајот во образовниот процес.
Од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот се задволни од ефектот на овие кампањи, а за следната година најавија уште повеќе активности поврзани со оваа проблематика.