
Двосмисленост помеѓу машкто и женското, силата и кревкоста, минатото и сегашноста…овие контрасти поддржуваат повеќе аспекти на жената во 21-ви век и над се, го слават нејзиниот стил.
Од Њујорк до Париз, од Миланд до Лондон, веќе станува јасно кои трендови се вистински хит оваа сезона.
Тегет
Темна, интензивна и класична, тегетот е новата црна боја. Таа се прилагодува во светот на модата и е една од водечките нијанси оваа сезона: капути, панталони или фустани не е важно – важно да е тегет.
Егзотично крзно
Станува збор за вештачко крзно, а трендот кој е застапен оваа сезона е „дивина“. Живи бои, кои неодоливо потсеќаат на диско грозница и црно белите принтови се вистински хит.
Твид
Оваа волнена ткаенина се враќа на големата врата па е сигурен знак дека нема да ви биде ладно. Таа предничи во елеганција и повторно се открива во разни облици.
Бела
Нежната, бела боја сама се овикува во нашите плакари скоро секоја зима, а тоа не е исклучок ниту оваа година.
Убавица на денот
Дефинитивно трендот кој го носат само најодважните дами: вештачко крзно по голата кожа и полу-проѕирен фустан.
Мохер
Алтернатива за крзното, мекоста на мохерот и дава на секоја силуета одредена смиреност. Неговата тежина е лесна како пердув и помага да се избегне креирањето на претерано големи облини.