Прчлестиот нос ја оддава романтичната личност која преферира традиционални пози, а не експериментирањето од кое се гуши. Луѓето со рамен или многу малку крив нос го обожаваат сексот и одлични се во кревет, бидејќи се врели и педантни. Малиот нос е симбол на скромна сексуална желба, а оној кој е малку заоблен е симбол на сензуалност. Луѓето со крив нос се многу страствени и потполно предани во текот на односот.
Уши
Луѓето со мали уши имаат силен сексуален нагон и лесно го задоволуваат партнерот, мада тие сами често не можат да се опуштат и да го достигнат врвот. Луѓето со поголеми уши се сензуални и страствени љубовници.
Подочници
Ако некој има мали и тенки подочници, значи дека има добри „апетити“ и секогаш е подготвен и отворен за секс. Дебелите и поизразени подочници се карактеристични за личноста која многу размислува за тоа, има силно либидо и сака да експериментира.