Моментите кога ќе се видите после подолга раздвоеност
Дали постои нешто поубаво од моментот кога се чекате на автобуска станица или аеродром и знаете дека секоја секунда ќе ја погледнете насмевката во која се имате заљубено? Доколку се прашувате како изгледа вистинската среќа, ова се драгоцените моменти заради кои вреди да отпловите во авантурата наречена љубов. Иако одделеноста не е нешто што го сакаме, понекогаш е потребна за да доживееме моменти вредни за паметење.
Кога ќе ја оставете четката за заби во нејзината/неговата бања
Со оваа мала постапка ви се отвара иднината, а нема поблажен момент кога знаете дека можете да планирате нешто и сте добредојдени во животот на саканата личност.
Кога ќе се скарате, но знаете дека нема да се разделите
Секако, ова нема го вброиме во „најдобри“ моменти, но е показател на една цврста врска. Каков проблем и да се појави, ќе најдете решение, ако е потребно истиот ќе го решете и со кавга, но не и со раскинување.
Кога случајно ќе кажете „те сакам“
Можеби на почетокот е малку непријатно, но секако е вредно за паметење, бидејќи првото „те сакам“ во врската е многу важно…
Кога поминувате низ тежок период, ама се имате еден со друг и се изгледа полесно
Можеби сте добиле отказ, сте паднале на испит, или имате фамилијарни проблеми…се изгледа црно додека не се потсетите дека имате некој што ќе ве ислуша, ќе ви ја измами насмевката, ќе ви ја даде најтоплата прегратка, ќе ве мотивира и барем на кратко ќе ве заштити од суровата реалност.