
Три лица синоќа биле убиени во јужниот германски град Бајројт, информира ДПА, повикувајќи се на полицијата.
Телата на трите жртви биле пронајдени во близина на паркирани автомобили, а уште едно рането лице било најдено во близина, откако во полицијата било јавено за пукањето.
Идентитетот на убиените и мотивите за пукањето засега се непознати.
Овој баварски град, со околу 72.000 жители, е светски познат по својот летен оперски фестивал.