
Жените кои првпат родиле помеѓу 25.и 35.година, по четириесетите во просек биле поздрави од оние кои првото дете го добиле во тинејџерските години, односно помеѓу 15. и 19. или во раната младост помеѓу 20. и 24. година од животот, тврдат американските научници, според истражувње кое го спровеле на 3.500 лица.
Сите учеснички во истражувањето родиле на возраст помеѓу 15. и 35. година од животот, а прашалник за здравствената состојба пополнувале на секоја втора година, во периодот помеѓу 1979. и 2008. година.
Заклучено е дека здравствената состојба на оние жени кои првото дете го родиле на возраст помеѓу 25. и 35. е подобра.
Според истото истражување, здравјето на оние жени кои по првото мајчинство биле во брак, се покажало како поквалитетно во нивната средна доба, што не важи за самохраните мајки.