
Како што информираат од полицијата, околу 4 часот кон кафулето бил фрлен молотов коктел кој завршил во излогот, па потоа паднал на бекатонска подлога.
За среќа во инцидентот нема повредени лица, а истиот бил изгаснат од случаен минувач.
Според првичните информации причинета е мала материјална штета, а екипи од СВР Тетово во координација со Јавен обвинител работат на расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот или сторителите.