
Висок ирански службеник од областа на нуклеарната енергетика изјави дека веќе од наредната недела Русија ќе започне со изградба на два нуклеарни реактори во Иран.
– Нуклеарната индустрија на Иран се проширува со странско учество, истакна заменик шефот на Иранската организација за атомска енергија, Бехруз Камалванди.
Русија минатата година се договори со Иран за изградба на два нови реактори во нуклеарната централа „Бушехр“.
Рускиот министер за индустрија и трговија Денис Мантуров денеска изјави дека Москва размислува следната година да му одобри кредит на Иран од пет милијарди долари.
На почетокот на овој месец Москва и Техеран ги разгледаа можностите за соработка во нуклеарната сфера. Двете страни потврдија дека се заинтересирани за изградба на нови реактори во Иран.
Претходно, директорот на компанијата „Росатом“, Сергеј Кириленко нагласи дека изградбата на новите реактори ќе започне во текот на есента оваа година.