Наставници од Македонија на натпревари на „Мајкрософт“

Бисера Ристиќ, наставник по англиски јазик  во ООУ „Гоце Делчев“ од Неготино ќе ја претставува државата на Глобалниот образовен форум на „Мајкрософт“ напролет следната година.

Ристиќ, која со своите ученици подготви мултимедијални планови за одржување часови, победи на натпреварот за „Мајкрософт“ како експерт наставник од Македонија.

Мултимедијалниот проект е содржина на часовите со алатки што ги содржи мајкрософт, офисмикс  презентации, свејови,  интерактивни мапи,… а дел од тоа беа и учениците.  Нетрадиционален метод во кој тие се дел од изработката со тие алатки. Со насоки од наставникот лесно ја разбраа содржината, изјави денеска по добивањето на наградата Ристиќ.

Министерката  за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска на свеченоста укажа на потребата и активностите за користење нови алатки кои ќе го модернизираат образовниот процес.

Сите заедно се стремиме да ја поттикнеме креативноста, новите идеи и знаења кои им се неопходни на младите во образовната сфера. Употребата на новите технологии го олеснува пристапот  до информациите, овозможува интеракција  ја олеснува комуникацијата и што  е најважно ја зголемува  можноста за учество на младите на пазарот на трудот, рече Арсовска-Томовска.

Првото место на натпреварот за најиновативни наставници од Македонија во рамки на регионалниот ЦИЕ  MiXathon  предизвик за 2015-2016 и припадна на Марија Петреска од ОУ „Христо Узунов“  од Другово, второрангирана е Андријана Тодорова ООУ „Петар Мусев“ од Богданци, а трета Зорица Адамчевска од ООУ „Блаже Конески“ од Велес. За наставник кој организирал и одржал најдобар  Haur of code  во Македонија е одбрана Нела Слезенкова од ООУ „Св.Кирил и Методиј“ од општина Центар.

Наградите за наставниците беа доделени во рамки на настанот „Еdu day“ на кој беа претставени иновативни практики во образованието при користење платформи и алатки на компанијата „Мајкрософт“.