
На синоќешната манифестација за избор на спортист на годината, што ја оргнизира Агенцијата за млади и спорт, училишниот спортски клуб „Петар Поп Арсов е прогласен за најуспешен, во категоријата за училишни спортски клубови во делот на основното образование.

Спортистите беа номинирани во десет категории, и три категории за најуспешните училишни спортски клубови во делот на основното, средното и високото образование. Номинациите произлегоа од националните спортски федерации, од спортските новинари кои учествуваа во гласањето заедно со седумчлениот Совет за спорт.
Оваа година гласаа 28 спортски федерации и 12 медиуми.
Ова е уште една спортска манифестација која носи сатисфакција на спортистите, тренерите, раководствата на федерациите и клубовите, на новинарите, навивачите, со една единствена цел да се популаризира и афирмира спортот.