
Прашањата за екстерно тестирање за учениците од завршните години на средното образование се објавени денеска на веб страницата www.prasanjaeksterno.dic.edu.mk од страна на Државниот испитен центар ДИЦ.
– Објавениот базен со прашања содржи повеќе од 85.000 прашања. Базата е освежена со 20 проценти нови прашања. Во следните две недели, поточно до 8 јануари 2016 година, јавноста ќе може да остава коментари за конкретните прашања. Прашањата за кои ќе има валидни и конструктивни коментари ќе бидат соодветно коригирани, соопшти Државниот испитен центар.
ДИЦ ги повика сите засегнати страни (ученици, професори, родители) да се вклучат во проверка на прашањата за да се прочисти и да се подобри квалитетот на базата на прашања.