
Претседателот на Русија Владимир Путин ќе ја прослави Нова година во домот заедно со семејството, изјави портпаролот Дмитриј Песков.
Тој напомена дека претседателот ќе одмара од државните работи од 31-ви декември до 5-ти јануари, но не откри детали каде ќе биде.
Инаку во Русија новогодишните и божиќните празници се слават од 1-ви до 10-ти јануари.