
Британка вели дека неможе да резервира лет затоа што го дели името со терористичката организација.
Рани Исис Лејк (29) прв пат имала проблем кога резервирала билети за патување во Канада, пишува британски „Сан“.

Летот од Торонто до Ванакувер за овој месец, прво бил закажан, а потоа и откажан од страна на три различни агенти. Успеала да закаже нов лет, но само со нејзиното прво име Рани.
Таа вели дека забраната следела откако Исламска држава преземала одговорност за експлозијата на рускиот авион над Египет во октомври, годинава.
Не е фер. Се надевам дека не се работи за дискриминација, но ова е сомнително. Загрижена сум дека ова ќе се случува секој пат кога ќе одам на аеродромот, вели оваа готвачка од Кент.

Таа најпрво се обидела да резервира билет за компанијата Санвинг, преку интернет. По внесуваењето на нејзиното име добила екран дека настанала техничка грешка.
Уште две други компании и ипратиле меил во кои пишувало дека летовите се откажани на нејзино барање, по што таа останала во шок.