
Дедо Мраз денес симбилочно ќе пристигне со транспортен воен хеликоптер, на воениот дел од аеродромот „Александар Велики“ во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец.
Во пресрет на новогодишните и божикните празници, припадниците на воздухопловната бригада (ВБР) на Армијата на Република Македонија на настанот ќе им поделат новогодишни пакетчиња на децата на загинатите и починати припадници на бригадата, како и на вработените од бригадата и останатите команди и единици на АРМ и Министерството за одбрана.