
Германската манекенка Ана Еверс е прогласена за „Манекенка на годината“ од страна на експертите на модната индустрија, но Ангелите на Викторија сикрет ја освоија публиката.
Со оглед на големиот број на следбеници на социјалните мрежи и популарноста што ја стекнуваат како Ангели на Викторија Сикрет, сосема оправдано се очекуваше дека Кендал Џенер и Џиџи Хадид ќе бидат во потесниот избор за титулата најдобра манекенка во 2015-тата.
Но, тие загубија од страна на неочекувана натпреварувачка, девојката од насловната страна на „Вог“ – Ана Еверс.
Експертите од модната индустрија – стилисти, фотографи и модни уредници – ја прогласија Ана за нивен избор за топ модел, додека Џиџи и Кендал се најдоа веднаш зад неа затоа што го освоија медиумскиот простор.
A photo posted by @annaewers on
Џиџи е прогласена за ѕвезда на годината на социјалните мрежи, иако има само 10. 4 милиони следбеници на Инстаграм, додека младата полусестра на Ким Кардашиан има 44.3 милиони следбеници.