Сега е на ред најголемото прашање, она со најголема тежина – Ќе одговара ли некој за оваа состојба, постои ли кривична одговорност за специјалната јавна обвинителка?
Каракамишева Јовановска вели дека непостапување, или молчењето во однос на случајот за кој е задолжена да го реши, ја вовлекува и Јанева во спиралата на кривичната одговорност.
Јанева мораше до сега да работи согласно член 196 од Законот за кривичната постапка, во однос на прислушуваните разговори што ги поседува Заев, а сега веќе и трети лица, привремено одземање предмети по службена должност кога постои опасност од одлагање и за кои постојат основи за сомневање дека се предмети на кривично дело, посебно во врска со чл.194, став 4, алинеја 2. Таа мораше да постапи согласно овој член на идентичен начин како што нејзините колеги од редовното јавно обвинителство постапија во случајот фабрика за афери. Ова и беше добра лекција на Јанева за професионално и одговорно постапување во служба. Одредбите од Законот за кривичната постапка по однос на обезбедување и одземање предмети што можат да послужат како доказ во кривичната постапка, се многу јасни и прецизни, па оттаму не знам во чив интерес, и заради кои мотиви, собирањето на прислушуваните телефонски материјали Јанева одлучи да го комплицира и одолговлекува. Таа ќе мора да и објасни на пошироката македонска јавност, но и на претставниците на меѓународната заедница зошто одбра да го чека Заев доброволно да и ги предаде разговорите кога таа е формирана пред се за оваа цел, да ги истражи незаконски прислушуваните разговори. Како е можно да одлучи да чека да и бидат доброволно предадени основните материјали заради кои таа е формирана, заради кои таа ги оправдува својата работа и милионскиот буџет од нашите, државни пари? Сега кога се виде дека материјалите се наоѓаат и кај трети лица дали не чувствува професионална одговорност за одлагањето? И на правните лаици им е јасно дека чекањето на Јанева е правно неиздржано, правно нелогично и излегува од законските рамки на постапувањето на обвинителката. Нејзиното непостапување, или нејзиното молчење во однос на случајот за кој е задолжена да го реши, ја вовлекува и Јанева во спиралата на кривичната одговорност. Кривичната одговорност може да се поврзе со два члена од Кривичниот законик, чл.353 злоупотреба на службената положба и овластување, посебно во делот дека е нанесена штета на неколку десетици илјади граѓани. Кривичната одговорност може да се поврзе и со член 353-а несовесно работење во службата, посебно бидејќи со своето непостапување таа и нејзиниот тим нанесува огромна штета на неколку илјадници граѓани што се директно предмет на сторените казниви дела, како и штета на државата поради пропуштање должен надзор во вршење на своите овластувања и должности, вели Каракамишева-Јовановска за Курир.
Пандов вели дека станува збор за недржавно однесување на Катица Јанева и дека таа должи одговори.
Што прави Каица Јанева да го спречи ова? Ќе побара ли Катица асистенција од полицијата да и ги обезбеди разговорите од Заев или договорот им е инаков? Конечно си го поставувам прашањето, кое што верувам дека на секој еден во Македонија му се врти во главата, а тоа е има ли кој да контролира и спречи ваквото недржавно однесување на специјалното обвинителство или народот треба правдата да си ја земе сам во раце? Свесна ли е Јанева дека на народот му е дојдено преку глава и од бомби и од Верушевци и од црпнати и дека трпението му е пред крај и прашање на време е кога ќе и се соберат пред нејзиното обвинителство да ја прашаат дали таа за 4 милиони евра работи како обвинителка или како адвокат на Верушевски, Заев и бандата им, заклучува Пандов.