
Во месноста Говрлевска Краста, на јужните падини на Водно, денеска, во рамки на претстојната бадникова прослава, традиционално ќе се одржи средба на скопјани со Кумот и Здравичарот на Бадник 2016-та, Илија Малинковски и Драган Мијалковски.
Прославата се организира по 24-ти пат од страна на граѓанското здружение Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје.
Средбата е точно напладне, кога ќе почне симболичното сечење на бадниковото гранче. Први тоа ќе го направат Малинковски и Мијалковски, а потоа и минатогодишните Кум и Здравичар, Сашо Џиковски и Благоја Анчевски, градоначалниците на Скопје, Центар и Сопиште, поранешни кумови и здравичари, поканети гости…

Скопјани ќе бидат информирани дека се е готово за централното одбележување на Бадник, на 6-ти јануари на платото пред Соборниот храм Свети Климент Охридски.
Предвидено е и дружење со песна и игра, пржена риба, пиво, вино и сок.