
Средба со академик Владо Камбовски ќе се одржи утре во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ во Скопје. Почетокот на средбата е предвиден за во 19 часот.
Во оваа пригода ќе бидат промовирани неговите книги „Беседи“ и „Коментар на кривичниот законик“, во издание на Македонската академија на науките и уметностите и Книгоиздателството „Матица македонска“.
За делата ќе говорат академик Георги Старделов и проф.д-р Љупчо Арнаудовски.