
Семејствата на 20 македонски возачи кои веќе две недели се заглавени на ирачко-турската граница бараат да бидат извлечени од кризната погранична област каде што се водат борби меѓу турските сили и курдските милитанти. Турција од безбедносни причини ја затвори границата со Ирак во близина на градот Закхо, кој е неофицијална престолнина на регионот населен со Курди.
На граничниот премин Ибрахим Калил во моменов има над 6 илјади камиони кои не можат да го напуштат Ирак и да го продолжат патот преку Турција.
Македонското министерство за надворешни работи соопшти дека е во контакт со македонската амбасада во Анкара и со турската Влада, како и со возачите заглавени на границата и прават напори тие да влезат во Турција.
Областа во близина на преминот е и цел на руските бомбардирања врз цели на ИСИС.