
Рустикалната планинска куќа „Спениш Пикс Кебин“ која се наоѓа на падините на Алпите дефинитвно ќе ве остави без здив.
Таа содржи елементи на локалната архитектура и нуди можности за уживање и релаксација во нејзиниот вонвременски дизајн.
Куќата, чија вкупна површина изнесува 500 метри квадратни, е изградена од камен и дрво, со што иделано се вклопува во опкружувањето.
Внатрешноста на градбата и елегантната употреба на природните материјали во комбинација со меки текстури, содаваат удобен амбиент и прават куќата да наликува како да е излезена од бајките.
За чувството на топлина придонесуваат и камините изработени од камен, кои ги има во дневниот престој, во спалната и семејната соба и во дворот.
Уникатниот декор, паметно осмисленото осветлување и придружните елементи и даваат дополнителна рустикална убавнина на куќата, во која не е правен компромис кога е во прашање стилот.
Шармот на куќата е збогатен со интересни детали, како што се винскиот подрум, уникатните скалила и шармантните кујнски елементи, кои целиот објект го претвораат во совршено место за одмор.