
Мјузиклот е дело на познатите творци на овој жанр: Боб Фоси, Фред Еб и Џон Кандер кои на широката публика ѝ станаа познати преку антологиските филмски мјузикли „Кабаре“ и „Целиот тој џез“.
Мјузиклот „Чикаго“ е копродукциски проект помеѓу Македонски народен театар, Македонска опера и балет и Факултетот за музички уметности, Скопје, Р.Македонија.
„Чикаго“ денес предизвикува внимание ширум целиот свет, исто толку како и пред неколку децении кога е за првпат поставен на Бродвејската сцена и враќање на мјузиклот како жанр на светската сцена, откако истиот се пренесе на филмското платно.