
Вишиот суд во Белград рано утрово му одреди 30-деневн притвор на поранешниот срспки министер за семјоделство Слободан Милосавлевиќ, како и за уште петмина осомничени за малверзации со земјоделско земјиште во Нови Сад. Еден од осомничените ќе се брани од слобода, пренесува „Танјуг“.
Притворот им е одреден поради постоењето на околности што укажуваат дека обвинетите во случај на ослободување ќе ја попречуваат постапката со влијание врз сведоците.

Обвинителството за организиран криминал во Србија вчера покрена истрага против ексминистерот и уште седум други лица под сомнение дека извршиле крвични дела „злоупотреба на службената положба“ и „злоупотреба на положбата одговорно лице“.
Тие беа уапсени во саботата во акција на српската полиција, заедно со уште 80 други лица осомничени за други дела.