
Станува збор за Рајан Вајт, американски интернационалец кој игра на позицијата плејмејкер.
Кариерата ја започнува во Универзитетот Тексас, а прв професионален клуб му е Алборг од Данска каде во сезоната 2011/12 бил прв стрелец со 25 поени по натпревар, трет по асистенции и украдени топки во државното првенство. Има настапувано и за Трепча Митровица (Косово), Солеувре (луксембург) и Копенхаген Вофпак (Данска).
Гевгеличани најавија мини ремонт откако спогодбено беа раскинати договорите со Томчо Соколов, Димитар Делипетров и Џејсон Картер.