
Јавното сообраќајно претпријатие ги објави цените на билетите, согласно новиот интегриран тарифен систем. Цената на билетот во автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП Скопје што се купува кај возачот и по воведувањето на новиот електронски систем нема да се промени и ќе изнесува 35 денари, а не 60 денари како што беше најавено претходно.
Овие измени ќе стапат во сила од 1 јануари 2016 година.
Цените на билетите за автобускиот превоз можете да ги видите на сајтот на ЈСП