
Мерките за безбедност за дочекот на Нова година во Њујорк ќе бидат најголеми досега, изјави градоначалникот Бил де Блазио.
„Големото јаболко“ е исклучително популарна дестинација за 31 декември, а секоја година околу милион луѓе се собираат на познатиот Тајмс Сквер.
Де Блазио изјави дека оваа година Њујорк е подготвен за дочек и оти планирањето мерки за безбедност се одвива на исклучително високо ниво.
На улиците ќе има огромен број полицајци вклучително и голем број припадници на антитерористичките аили. По нападите во Париз во ноември, на едно од пропагандните видеа на ИД прикажани се Њујорк и Тајмс Сквер, наведуваат западни медиуми.