
Познато е дека фрузурата говори многу за нас, како и дека може да влијае на нашето однесување и чувства. Доколку сакате наредната година да го промените имиџоти одберете нова и различна фризура, водете се според препораките засновани на вашиот хороскопски знак.
Овен
Девојките родени во знакот на овен водат активен живот – многу вежбаат, а од тренинг трчаат за часовите по јазик. Важно им е да се истакнат, но потребна им е фигура која лесно се одржува, а воедно и изгледа кул.
Бик
Во текот на наредната година девојките родени во знакот на бик често ќе ја менуваат бојата на коса, но и фризурата. Боб со разбушавени краеви е идеален избор за нив, а кога станува збор за бојата, во предвид доаѓаат сите нијанси на црвена.
Близнаци
Иако девојките родени во знакот на близнаци не тежнеат кон женственост, оваа година ситуацијата значително ќе се смени. Долгата боб фризура во бранови е вистинскиот избор за нив, а одлично ќе им прилегаат и тенките посветли прамени.
Рак
Девојките родени во знакот на Рак наредната година ќе поминат низ машкоданеста фаза. Често ќе експериментираат, не само со косата, туку и со фризурата – популарниот „пикси“ совршено ќе им прилега, а може да изгледа исклучително женствено доколку косата е навистина кратка.
Лав
Иако многу лавици поради својот хороскопски знак сакаат да имаат густа коса, наредната година тие ќе се одлучат за пократка фиризура. Тие воглавно ќе сакаат класични фризури, како на пример рамно стрижени шишки.
Девица
Наредната година девојките родени во знакот на девица нема многу да се грижат за мислењето на другите и ќе го доживеат своето препородување. Ќе се борат за својата слобода, независнот и ќе бидат особено отворени. Затоа, многмина од нив веројатно ќе ја потстрижат досега долгата коса.
Вага
Девојките родени во знакот на вага ќе бидат помалку мрзеливи. Иако сакаат да се средени и дотерани, наредната година тоа едноставно нема да им биде толку важно и ќе посакаат фризура која ќе им овозможи да се чувствуваат убаво без многу труд.
Шкорпија
Шкорпиите се секогап мистериози, а шишките ќе им бидат неопходен штит наредната година. Исто така, ќе се одлучат за модерна и тренди фризура, а краевите со посветла нијанса ќе допринесат за бунтовнички изглед.
Стрелец
Овој боб е совршен избор за девојките родени во знакот на стрец. Иако тежат кон авантуризам, наредната година ќе бидат насочени кон професионален развој и оставање впечаток на сериозност. Ваква фризура може да се носи во опуштен стил, но и рамно стилизирана.
Јарец
Девојките родени во знакот на јарец ги очекува година полна со авантури и им се смешкаат бројни патувања. Ќе сакаат фризура која нема да бара многу време, фенирање и пеглање, а локните се совршеното решение.
Водолија
Девојките во знакот на водолија наредната година ќе почувствуваат нагласен сексапил и заводливост. Ваквата фризура е подеднакво вамп и оригинална, што за водолиите е важно, бидејќи никако не сакаат да бидат како другите. Долгиот боб, таканаречен лоб, ќе им овозможи да постигнат ваков имиџ.
Риби
За девојките родени во знакот на риби наредната година е резервирана за рамнотежа и симетрија. Нив ќе им биде неопходна фризура со изразена структура, која истовремено е женствена. Популарниот омбре ќе им го пружи и едниот и другиот ефект и ќе ги направи потполно единствени.