Тројца цариници се повредени во сообраќајната несреќа што се случи утринава при превртување на комбе на Царинската управа на автопатот Куманово – Скопје.
Сообраќајката се случила во 7:15 часот по одвојувањето на автопатот кон обиколницата или кон Скопје.
Повредените се префрлени на клиниките во Скопје. Засега нема информации за какви повреди станува збор.
На местото на несреќата е извршен увид од страна на увидна екипа на МВР која треба да ги утврди причините кои ја предизвикале сообраќајката.