На СДСМ му е се потешко да го прикрие стравот од претстојните избори. Затоа сме сведоци на вакви очајни обиди да се најде каква било причина или провокација за бегање од изборите. Денеска тоа е одлужувањето на седницата за неколку дена токму на барање на СДСМ. Утре може да биде немањето кафемат во ДИК или соодветни фиоки за чување на материјалите на членовите на СДСМ, се вели во соопштението на ВМРО – ДПМНЕ.
Интегрален текст од соопштението:
ВМРО ДПМНЕ се залага што е можно побргу да се комплетира државната изборна комисија и да биде избран Генерален секретар. Станува збор за исклучително сериозна позиција и затоа не смее да се дозволат никакви импровизации. Мора да биде избран најдобриот кандидат прифатлив за мнозинството членови на комисијата.
Затоа ВМРО ДПМНЕ предложи вчерашната седница да продолжи денес. СДСМ одби. ВМРО ДПМНЕ предложи седницата да продолжи на 2-ри јануари. СДСМ го одби и овој предлог.
СДСМ традиционално лаже и манипулира. Целта на ВМРО ДПМНЕ беше на 4-ти јануари новиот секретар веќе да биде избран и да ја врши својата функција. СДСМ инсистираше тогаш да продолжи денешната седница.
На СДСМ му е се потешко да го прикрие стравот од претстојните избори. Затоа сме сведоци на вакви очајни обиди да се најде каква било причина или провокација за бегање од изборите. Денеска тоа е одлужувањето на седницата за неколку дена токму на барање на СДСМ. Утре може да биде немањето кафемат во ДИК или соодветни фиоки за чување на материјалите на членовите на СДСМ.
Доста е. Бегање од избори нема. За 114 дена народот ќе го каже своето мислење за ваквата деструктивна политика базирана на лаги и манипулации.