На булеварот Јане Сандански на паркинг, вчера околу 19. 40 часот, од засега непознати причини бил опожарен џип „хјундаи џип“ со скопски регистерски ознаки, а управувано од 45- годишниот М.М. од Скопје.
Пожарот е локализиран од страна на БППЗ.
Извршен е увид од страна на увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.