дали криминалците контактирале со Заев, туку се огради и од функцијата генерален секретар на партијата посочувајќи ја како „позиција што ја имав претходно“.
Тоа што во целиот случај недостига во јавноста (барем до оваа среда навечер, кога е пишуван овој текст) е најголемата поддршка на Заев – неговата десна рака Радмила Шекеринска. Ја нема да се изјасни за настаните за аферата што, како што се чини, ќе го дозакопа рејтингот на СДСМ. Шекеринска ја нема подолг период, ја немаше ниту за скандалот „Израел“, ја немаше да го коментира рејтингот на партијата, ја нема ниту сега, што е несвојствено за жената што „се заложила Заев да биде претседател на СДСМ“.
Но, ниту Спасовски ниту Шекеринска ниту кој било од раководството на СДСМ, заедно со ликовите од извртената сценографија при пресовите на Заев кога емитуваше монтирани материјали, а сега седат на заменички министерски места или се дел од нивната администрација, не може и не смее да се дозволи да избегаат од одговорноста за случајот „Фабрика за афери“.
Та, нели, затоа седнаа во власта, за да расчистат со евентуалните афери, без да помислат дека истрагата брзо ќе стигне до нивните порти. Исто како што Заев вели за фотографиите со Чауш – „Нема бегање од тоа“.