
Во Вентура, Калифорнија, се родија близначки кои во изводот на раѓање ќе имаат различна година.
Едната од близначките се родила минута пред полноќ на 31 декември 2015 година, а другата се родила во една минута по полноќ, односно на 1 јануари 2016 година.
Бристол Скај и нејзината сестра близначка Бринли се здрави и силни, а родителите се пресреќни што на ваков прекрасен начин ја испратиле старата и ја дочекале новата година.
Тие велат дека засега родендените ќе им ги слават во ист ден, а кога тие ќе пораснат, сами ќе си одлучат дали сакаат да го слават во ист или различни денови.