
Исламска држава денеска изврши напад врз пристаништето Сидра, најголемиот нафтен терминал во Либија.
– Џихадистите упаднале во пристаништето при што се судриле со обезбедувањето на терминалот. Во судирот загинаа двајца припадници на обезбедувањето и десет напаѓачи, изјави потпаролот на обезбедувањето Омар Ал Хаси.
Воен претставник, лојален на меѓународно признаената Влада, со седиште во Тобрук, изјави дека воената авијација се вмешала во судирот и го спречила нападот на ИД.
Сидер и соседното пристаниште Рас Лануф се затворени повеќе од една година поради судирите меѓу либиските фракции за контрола над земјата.