Словенечки полициски службеници започнаа со работа на македонско – грчката граница, информира денеска Амбасадата на Словенија во земјава.
-Шест словенечки полициски службеници денес започнаа со работа на македонско – грчката граница. Тие ќе ги извршуваат своите обврски заедно со македонската гранична полиција на подрачјето, кое го покрива полициската станица за гранични проверки и граничен надзор „Богородица”. По потреба ќе им помагаат и на македонските колеги во процесот на регистрација на бегалците во привремениот транзитен центар „Гевгелија”., се вели во соопштението од Амбасадата.
Во работата покрај опремата и возилата, со кои вчера допатуваа од Словенија, ќе им помагаат и двете полициски кучиња Пан и Бојко.
Република Словенија во рамки на своите можности, одговори на барањето на Република Македонија за материјална и логистичка помош при справувањето со бегалската криза, која го зафати регионот.