
Во две одделни сообраќајни несреќи кои се случиле вчера на автопатот Скопје-Куманово и Скопје-Велес две лица се потешко повредени.
Во првата несреќа која се случила околу 10:45 часот на автопатот Скопје-Велес во близина на клучка Хиподром, автомобил „Мазда“ управуван од 62 годишниот Б.Р. излетал и удрил во дрво и заштитна жичена ограда.
Возачот заработил тешки повреди, додека неговиот сопатник А.Р.(35) се здобил со полесни повреди.
На автопат Скопје-Куманово околу 16 часот од коловозот со „Алфа Ромео“ излетал 22 годишниот К.М., кој исто така е тешко повреден откако удрил во дрво и заштитна жичана ограда.
Повредените се пренесени во болница, а полициски екипи извршиле увид на местото на несреќите.