
Премиерот Никола Груевски со сопругата Боркица Груевска утрово по повод големиот христијански празник Рождество Христово – Божик, беше меѓу верниците од Чаир.
Тој присуствуваше на литургија во црквата Свети Никола во скопски Чаир, по повод денешниот голем празник Божик.
Потоа, се упати кон Соборниот храм каде најголем број на верници од Скопје присуствуваат на литургија на овој ден.