Правдањата на некои македонски премиери и претседатели по осамостојувањето во 1991 година за катастрофата во која што се наоѓаме како народ и држава, ДОКАЖУВА ДЕКА НИ Е ПОТРЕБЕН ЕДЕН ЗАКОН ЗА СУДЕЊЕ НА ВИНОВНИЦИТЕ ЗА НАЦИОНАЛНАТА КАТАСТРОФА.
Вистински закон, а не како тој за лустрација која всушност спаси партиски бандити. Судбината ни е, за жал, слична на таа на Сизиф /тајната на одот наш низ вековите/ бездруго е во тоа што повеќе пати почнуваме од нулата велеше ГанеТодоровски/, но подобро е да зацрташ 24 години, отколку целата своја историја и име/идентитет. Мора да бидат осудени сите, со чии потписи и гласање во македонското Собрание беа сменети државните симболи на Македонија, ревидиран македонскиот Устав, потпишана капитулација во Охрид во 2001 година, повторно беше ревидиран Уставот, тие кои го изгласаа Законот за територијална поделба во 2004 година.
Ако не биде укинат новиот капитулантски договор од Пржино со сите неуставни штети кои и ги прави на држвата, да бидат судени и неговите потписници и спроведувачи во Собранието.
За малку повеќе од две децении македонските државни имституции капитулираа неколку пати, но Македонците не капитулираа. Независно дека политичарите капитулира „во наше име“. Затоа и ние граѓаните имаме голема вина. Во 2001 година повеќе од 7.000 бранители, резервисти си беа со албанските банди, а каде беше нашата војска, каде беа нејзините началници? Немале дозвола од претседателот, од премиерот, од НАТО да ги уништат бандитите. И потоа следеше капитулација на државата преку највисоките институции.
Проблемот е дека за разлика од минатото ние прифативме капитулација. На истиот начин на кој ја прифативме референцата. Не можеме да сфатиме дека државата сме сите ние. Државните институции мора да ни служат нам, а не на тие кои привремено се во нив. Тоа значи дека ако некој претседател, премиер, партиски лидер итн. одлучат да капитулираат МОРА ВЕДНАШ ДА БИДАТ СМЕНЕТИ. На било кој начин – преку протести, бунт, востание. Таа шанса беше испуштена во 2001 година.
Во споредба со македонските државни институции, македонскиот народ никогаш не капитулирал. Бил уништуван политички/преку уништување на државата/но, не и етнички. Ама, политичкото опстојување секогаш било проблем, затоа што во продолжетокот на милениумите сме се откажувале од улогата на политички суверен народ. На оттуѓени државни и политички лидери сме ја оставале државата и потоа сме страдале. Денес, зачувувањето на нашето име/идентитет е поврзано со опстојувањето на македонската држава. Затоа, не смееме да потклекнеме на политички или партиски уцени и манипулации.
Ние граѓаните, мора да си ја вратиме државата во свои раце, каква што ја гласавме во 1991 година: независна и самостојна. Да си го вратиме тогашниот Устав со сите одредби и државни симболи, судски да ги казниме сите кои подоцна ги укинаа. Да не дозволиме нова политичка капитулација како онаа во 2001 година. Претседателот веќе направи чекор кон таква капитулација кога не го спречи законски Пучот што се случи минатата година. Државата е наша, а не на политичарите, независно дали се „рамковни“, службени или технички.
2001 година МОЖЕ ДА СЕ ПОВТОРИ САМО КАКО ТРАГЕДИЈА ЗА СИТЕ ОНИЕ КОИ ЈА ПРОДАВААТ НАШАТА ДРЖАВА, т.е.КОИ НЕ ПРОДАВААТ НАС, НА СТРАНЦИТЕ.