
Четири лица загинаа, а 30 се повредени на северот на Турција во судар на автомобил со автобус со бегалци кои патувале кон Грција.
Анадолија наведува дека во автобусот се наоѓале бегалци од Сирија, Авганистан и Мјанмар.
Нивниот автобус на мостот во провинцијата Чанаккале се судрил со автомобил и паднал во река.
Во сударот загинале две лица од автобусот, како и двајца патници на автомобилот.
Бегалците патувале кон северниот турски брег на Егејското Море, од каде требало да се обидат да се префрлат до грчкиот остров Лезбос.