
Седуммина албански државјани се уапсени бидејќи во стан во градот Нотингемшајар одгледувале марихуана засадена во саксии.
Вредноста на зпленетата марихуана достигнува 463.000 фунти.
Според полицијата тие живееле во градот Бирминген и се роднински поврзани. Станот го изнајмиле само за одгледувањето на марихуаната.
Уапсените се на возраст од 19 до 44 години. Како што пишуваат албанските медиуми може да добијат затворски казни и депортација.