
Како што соопшти МВР, вчера во 18.10 часот во ТЦ-Амам во менувачница „Васко М“, две непознати лица влегле внатре и едно од нив со рака ја удрил сопственичката Н.М..
Откако таа викнала, дошол нејзиниот сопруг, а лицата побегнале не одземајќи ништо од менувачницата.
СВР-Охрид презема мерки за пронаоѓање на сторителите.