
Во врска со денешните објави на социјалните мрежи и на некои интернет портали, за наводно помилување на осудениот за убиството на Мартин Нешкоски, лицето И.С., како и вчерашните објави во некои медиуми за наводно помилување на лица за дела за педофилија, Кабинетот на Претседателот на Република Македонија најостро реагира и ги демантира ваквите изнесени тврдења, и истите ги квалификува како груба лага и невистина.
Ваквите тврдења ги оценуваме како паушални, непроверени и правно неиздржани.
Претседателот на Република Македонија во извршување на оваа негова уставна ингеренција се води единствено според законите, односно одлуките за помилувањето ги носи исклучиво и согласно постапката и одредбите од Законот за помилување.
Ги упатуваме медиумите добро да го прочитаат членот 1 од Законот за помилување во кој јасно и недвосмислено се наведуваат кривичните дела за кои не може да се даде помилување (вклучително и за Дела за педофилија)
Оттука сметаме дека овие изнесени лаги и невистини имаат единствена цел да му наштетат на угледот на претседателот Иванов и да го дискредитираат неговото извршување на функцијата Претседател на Република Македонија, се вели во демантот.