
Бремена жена и двојче се потешко повредени во сообраќајната несреќа која вчера вечерта се случи на магистралниот пат Струмица – Ново Село, пишува „Курир“.
Жената и девојчето се хоспитализирани на КАРИЛ, но според последните информации се надвор од животна опасност. Жената (29) која е во вториот месец од бременоста и 10 годишното девојче поради карактерот на повредите по несреќата веднаш биле пренесени на скопските клиники.
Во сообраќајната полесно повредени се уште 3 лица кои се хоспитализирани во струмичката болница.
Во несреќата учествувале „Фиат Типо„ управувано од Ц.Т (29) и „Опел Астра“ управувано од Т.А (23) и двајцата од село Дабиља. Тешко повредени сопатнички се од Фиатот, додека со полесни повреди поминале двајцата возачи и сопатник во „Астрата“.
Полицијата извршила увид на местото на несреќата.