Аврамоски: Да изгубиш со 200 000 разлика, а да делиш власт, нормално ли е?

Пратеникот Момчило Аврамоски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ реплицирајќи му на пратеникот од СДСМ Томислав Тунтев го потсети дека и СДСМ е сега во власта и носи одговорност за многу работи.

Почитуван колега Тунтев, имаме техничка влада или немаме? Вие сте во владата или не сте? И вие сте во власта и ние сме во власта и исто право имаме за анкетни комисии. Што има тука за филозофирање? Ваш министер во еден ден смени 50 директори и стави ваши луѓе стави во Министерството за труд и совијална политика и уште зборувате дека сте опозиција. Срамота е. Цело време не вреѓате дека сме ненормални, но знаете што е ненормално? Да изгубиш со 200 000 гласа разлика, а да делиш власт,нормално ли е, запраша Аврамоски.

Аврамоски потсети дека во минатото досега СДСМ секогаш доаѓала на избори со интриги и сплеткарења.

Во 1992 година знаете како дојдовте до власт? Со пораз, со сплетки и интриги. 1994 година без опозиција. 2001 влеговте во власта без победа и без избори. Тоа е за вас нормално. 2015 година пак истото, влеговте во власта од опозиција. Тоа е играње со вољата на народот, посочи Аврамоски.

Дополнително пратеникот му наглси на Тунтев дека СДСМ константно си игра со вољата на народот, тргувајќи со преслушуваните раговори за кои тврдат СДСМ дека само тие ги поседуваат, а при последната акција на Јавното Обвинителство 70 000 од тие разговори се најдоа во рацете на луѓе кои што фалсификувале афери и документи.

120 000 лажни документи е играње со вољата на народот. Излегувате цело време по медиуми и кажувате дека снимките ги има само нашиот претседател и сите се сложивме. Кажувавте дека никој не ги чита никој не ги слуша и никој не ги анализира, за сега наеднаш 70 000 снимки најдени во некоја друга куќа кај некои други луѓе. Кој ги даде тие снимки? Ние не бараме политичка одговорност од тие тројца луѓе, ние бараме политичка одговорност од оној што ги имал снимките, а ги дал. Тука е политичката одговорност. Ова е најголем фалсификат откако постои Република Македонија како држава. Тоа е срам за сите што се инволвирани, има лажни документи за нас политичарите. Ајде влезете во комисијата и да откриеме кој стои за ововј скандал. Ја блокиравте првата комисја сега не ја сакате втората комисија а ја сакате вистината, рече Момчило Аврамоски од ВМРО-ДПМНЕ.